Archive

All episodes

Вера што не се плаши од тешки прашања
EP #120
1:02:55
сезона 4

Вера што не се плаши од тешки прашања

Живко Барбутов · Гостин

Во новата епизода на „Како си?“ разговаравме со Живко Барбутов за менталното и духовното здравје, отфрленоста, промената на животниот правец, товарот што го носи еден пастор, молитвата кога работите не се менуваат и потребата да имаме луѓе кои ќе ни ги постават прашањата што можеби не сакаме да ги слушнеме.

Неуспех е ако моите деца кажат дека не сум бил тука за нив
EP #116
01:07:41
сезона 4

Неуспех е ако моите деца кажат дека не сум бил тука за нив

Митко Андонов · Гостин

Во 116. епизода на „Како си?“ со Митко Андонов зборуваме за тежината што доаѓа кога многу луѓе зависат од тебе, кога постојано треба да имаш одговор и кога си навикнат да бидеш „столбот“ и на работа и дома.

Каде завршува грижата, а каде почнува контролата?
EP #115
56:48
сезона 4

Каде завршува грижата, а каде почнува контролата?

Елена Џебр · Гостин

„Балканска љубов“ е нов месечен серијал на „Како си?“ со Елена Џебр. Во првата епизода тргнуваме од местото од кое за повеќето од нас започнува љубовта — семејството. Каде завршува родителската грижа, а каде почнува контролата? Зошто на Балканот љубовта често ја покажуваме повеќе преку дела отколку преку зборови? Што се случува кога детето сака живот поразличен од оној што го замислиле родителите? И како се поставуваат граници без секоја различност да се доживее како отфрлање?

„Не се туди доволно“ би го забранила како feedback
EP #113
1:00:03
сезона 4

„Не се туди доволно“ би го забранила како feedback

Катерина Николовска · Гостин

Гостинка во втората епизода од четвртата сезона на „Како си?“ е Катерина Николовска — едукатор, специјалист за дислексија и дел од тимот зад Ајнштајн едукативно-терапевтски центар.

Се запишав на боречки вештини за да се соочам со стравот
EP #112
59:22
спортска психологија

Се запишав на боречки вештини за да се соочам со стравот

Бојан Диков · Гостин

Гостин во првата епизода од четвртата сезона на „Како си?“ е Бојан Диков — тренер, еден од луѓето зад ATG Macedonia и човек кој голем дел од својот живот го има поминато во спортот, од боречки вештини до фитнес и тренерство.