Каде завршува грижата, а каде почнува контролата?
„Балканска љубов“ е нов месечен серијал на „Како си?“ со Елена Џебр. Во првата епизода тргнуваме од местото од кое за повеќето од нас започнува љубовта — семејството. Каде завршува родителската грижа, а каде почнува контролата? Зошто на Балканот љубовта често ја покажуваме повеќе преку дела отколку преку зборови? Што се случува кога детето сака живот поразличен од оној што го замислиле родителите? И како се поставуваат граници без секоја различност да се доживее како отфрлање?
- 0:00Интро
- 1:23Елена, како си?
- 4:30Каде завршува грижата, а каде започнува контролата?
- 6:02Балкански родители: Од кое место родителуваат?
- 15:05Семејство со ниско или високо ниво на диференцијација - Феноменот на црната овца
- 18:50Парентификувано дете
- 22:12Уметноста на односите: Граници и одговорност
- 28:37Криење на чувства: Емоционална манипулација
- 31:47Разлики помеѓу македонските и американските семејства
- 38:20Ништо не е црно бело _ Отвореност за поправка на односот
- 43:11Вечно дете и автономија во односите
- 45:42Семејно стебло: Зошто сум таков како што сум?
- 49:37Red flags или балканска љубов?
- 53:03Слобода и одговорност: Еден однос може да помине низ многу поправки

Елена Џебр е психолог, магистер по клиничка и советодавна психологија и дипломиран психотерапевт. Таа е автор на првиот подкаст за ментално здравје во Македонија од стручно лице и креатор на повеќе програми и работилници за личен раст и развој, основач на „Трансформација“.
Guest profile


