Искрени разговори за животот што навистина го живееме.
Приказни зад епизодите
Кратки написи за секоја епизода — клучните мисли, контекстот и зошто вреди да се слушне.

Не можеш сите да ги тренираш исто
Емил Рајковиќ повеќе од 20 години работи како кошаркарски тренер, со играчи од различни земји, култури и фази во кариерата. Во разговорот за „Како си?“ зборуваме за самодовербата, притисокот, односот меѓу тренерот и играчот и зошто понекогаш најважниот дел од тренингот се случува надвор од салата.

Што ако детето не е „лошо во училиште“?
Кога едно дете чита бавно, не ги завршува задачите навреме или постојано избегнува да чита на глас, лесно е проблемот да го бараме во трудот. Во разговорот со Катерина Николовска од Ајнштајн центарот зборуваме за дислексијата и другите потешкотии во учењето, за поддршката што ја добиваат децата во Македонија и за тоа што се случува кога „не се труди доволно“ со години останува единственото објаснување.

Целиот свет ми се сруши
Бојан Диков има период во кој тренира по четири-пет часа дневно, води групи и целиот свој живот го замислува околу боречките вештини. Потоа го повредува рамото. Во првата епизода од четвртата сезона на „Како си?“ зборуваме за стравот, спортот, повредите и зошто телото понекогаш закрепнува пред умот.
Најнова епизода

Каде завршува грижата, а каде почнува контролата?
„Балканска љубов“ е нов месечен серијал на „Како си?“ со Елена Џебр. Во првата епизода тргнуваме од местото од кое за повеќето од нас започнува љубовта — семејството. Каде завршува родителската грижа, а каде почнува контролата? Зошто на Балканот љубовта често ја покажуваме повеќе преку дела отколку преку зборови? Што се случува кога детето сака живот поразличен од оној што го замислиле родителите? И како се поставуваат граници без секоја различност да се доживее како отфрлање?
Препораки за нови слушатели
Не знаеш од каде да започнеш? Еве шест епизоди што најмногу одекнаа кај заедницата на „Како си?".

Не допираат негативните коментари до нас
Во сто и третата епизода на поткастот „Како си?“ на гости ни дојдоа Марио и Огнен од поткастот „Дебели Гикови“.
Гледај
Што правиме погрешно во партнерските односи?
Во седумдесет и четвртата епизода на поткастот “Како си?“ разговараме со Елена Џебр - психолог, магистер по клиничка и советодавна психологија и дипломиран психотерапевт.
Гледај
И најслабиот нема да биде побрз од здравиот човек
Во педест и третата епизода на поткастот “Како си?“ разговараме со Теа Божиновска - атлетичарка.
Гледај
Лична борба со траума, сомнеж и сила
Во педесеттата епизода на поткастот “Како си?“ разговараме со Никола Галевски - пастор, теолог и твитерџија (@Протестантски Оџа).
Гледај
Нарушениот однос со исхраната се продава како WELLNESS
Во деведесет и осмата епизода на поткастот “Како си?“ на гости ни дојде Антонио Велковски - нутриционист.
Гледај
Што значи да си ментално фит?
Во педест и петтата епизода на поткастот “Како си?“ разговараме со проф. д-р Ана Фрицханд.
ГледајДа создадеме нешто заедно.
Како си? соработува со компании и организации кои сакаат да бидат дел од разговорите што ги отвораме.






