Фитнес тренер, ко-основач на АТГ Македонија
Бојан Диков има период во кој тренира по четири-пет часа дневно, води групи и целиот свој живот го замислува околу боречките вештини. Потоа го повредува рамото. Во првата епизода од четвртата сезона на „Како си?“ зборуваме за стравот, спортот, повредите и зошто телото понекогаш закрепнува пред умот.