Блог

Приказни зад епизодите

Приказни, идеи и најважни мисли од разговорите на „Како си?“

Не можеш сите да ги тренираш исто
24 септември 2026 г. · EP #114

Не можеш сите да ги тренираш исто

Емил Рајковиќ повеќе од 20 години работи како кошаркарски тренер, со играчи од различни земји, култури и фази во кариерата. Во разговорот за „Како си?“ зборуваме за самодовербата, притисокот, односот меѓу тренерот и играчот и зошто понекогаш најважниот дел од тренингот се случува надвор од салата.

Прочитај
Што ако детето не е „лошо во училиште“?
17 септември 2026 г. · EP #113

Што ако детето не е „лошо во училиште“?

Кога едно дете чита бавно, не ги завршува задачите навреме или постојано избегнува да чита на глас, лесно е проблемот да го бараме во трудот. Во разговорот со Катерина Николовска од Ајнштајн центарот зборуваме за дислексијата и другите потешкотии во учењето, за поддршката што ја добиваат децата во Македонија и за тоа што се случува кога „не се труди доволно“ со години останува единственото објаснување.

Прочитај
Целиот свет ми се сруши
10 септември 2026 г. · EP #112

Целиот свет ми се сруши

Бојан Диков има период во кој тренира по четири-пет часа дневно, води групи и целиот свој живот го замислува околу боречките вештини. Потоа го повредува рамото. Во првата епизода од четвртата сезона на „Како си?“ зборуваме за стравот, спортот, повредите и зошто телото понекогаш закрепнува пред умот.

Прочитај
Љубовта е дејство
21 август 2026 г. · EP #74

Љубовта е дејство

Во разговорот со психологот и психотерапевт Елена Џебр зборуваме за конфликтите, границите, „работата на себе“ и зошто добриот партнерски однос не престанува да бара внимание откако ќе помине почетната заљубеност.

Прочитај
Како да имаме повеќе стрес?
20 август 2026 г. · EP #72

Како да имаме повеќе стрес?

Со д-р Александар Митов зборуваме за стресот, но наместо само да бараме начини како да го намалиме, го поставивме прашањето обратно: ако сакаме да имаме повеќе стрес, што треба да правиме? Проблемот е што добар дел од одговорот веќе го правиме.

Прочитај
Кога насилството ќе стане нормално
19 август 2026 г. · EP #107

Кога насилството ќе стане нормално

Во разговорот со Деспина Ковачевска зборуваме за тоа како насилството се препознава, но и како понекогаш со години го учиме како нешто „нормално“... во семејството, во партнерските односи, во воспитувањето, па и во начинот на кој разговараме со луѓето со кои не се согласуваме.

Прочитај
Што останува по тренерот?
19 август 2026 г. · EP #102

Што останува по тренерот?

Во разговорот со Горан Андреевски зборуваме за 26 години Водно Санс, талентот, работата, Партизан и едно прашање што во младинскиот спорт често го поставуваме предоцна: како навистина се мери успехот на еден тренер?

Прочитај